Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска, во рамки на третата седница, со 10 гласови „за“ и еден „против“ ги поддржа барањата на Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами да добиваат апанажа по престанок на нивниот работен однос.
Одлука дали ќе побараат апанажа се уште не донеле Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши.
Екс министрите за политички систем и за надворешни работи , Артан Груби и Бујар Османи од ДУИ се враќаат на своите поранешни работни места. Груби на тетовскиот универзитет ќе предава новинарство, додека Османи се враќа во медицината.
Никој од членовите на Комисијата не побара збор, поради што точката беше веднаш ставена на гласање и усвоена.
Видете и ова: Уште седум поранешни пратеници добија апанажаПретседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски, пред да ја затвори седницата, соопшти дека ги потпишал решенијата за плата на пратениците на кои Собранието им го верификуваше мандатот.
Потпишани се, рече, и решенијата за неспоивост на функцијата пратеник со функцијата претседател на Владата или министер, решенијата за престанок на право на плата по престанок на функцијата пратеник на Игор Јанушев, Христијан Мицкоски и на избраните министри, како и решенијата за плати на замениците на претседателот на Владата, Изет Меџити, Александар Николовски, Љупчо Димовски, Иван Стоиљковиќ и Арбен Фетаи.