Судот во Осло осуди маж роден во Итан, Норвешка за убиство и тероризам за смртоносно пукање во геј бар во 2022 година за време на парада на гордоста.
Две лица загинаа, девет се здобија со прострелни рани, а 25 се повредени во напад во лондонскиот паб, собирно место на поддржувачите на ЛГБТК+ во Осло, како и во блиското кафуле во централниот дел на норвешката престолнина.
Полицијата го опиша 45-годишниот Заниар Матапур, норвешки државјанин роден во Иран, како радикализиран исламист со историја на ментална болест.
Тој ќе одлежи 30 години затвор, која би можела да биде продолжена на неодредено време доколку се оцени дека е закана за општеството. Казната е најдолга можна според норвешкиот закон и е во согласност со она што беше побарано од обвинителството.
Видете и ова: Осло тагува по жртвите од „исламистичкиот“ напад„Судот смета дека дејствијата се толку сериозни што треба да се примени највисока казна“, се вели во пресудата.
На осудениот му е наложено да им исплати отштета во износ од околу 10,6 милиони долари на преживеаните и семејствата на жртвите.
Се уште не е познато дали Матапур ќе поднесе жалба. Неговиот адвокат Мариус Ритрихсон рече дека морал да ја помине пресудата со својот клиент.
„Мојот совет е да размислите за жалба на пресудата“, изјави тој за Ројтерс.
Изрекувањето на пресудата доаѓа само неколку дена по овогодинешната парада на гордоста во Осло, на која се оддаде почит на жртвите од пукањето.
Се проценува дека на овогодинешната парада учествувале околу 70.000 луѓе.