Русите се соочуваат со некои од највисоките температури во повеќе од еден век, а Москва го собори рекордот од 1917 година. Во некои руски градови температурите се искачија над 35 Целзиусови степени.
Во Москва, каде што температурите во зима може да паднат до минус 40 степени Целзиусови, живата се искачи на 32,7 степени Целзиусови на 3 јули, соборувајќи го рекордот од 1917 година за тој ден за половина степен, соопшти метеоролошкиот центар ФОБОС.
Соборени се рекорди од рускиот брег на Пацификот и дивината на Сибир до европските делови на Русија, соопшти ФОБОС.
Видете и ова: Океаните соборуваат температурни рекордиТоплото време предизвика огромна побарувачка за клима уреди и вентилатори, рекордни количини сладолед и ладни пијалоци. На патниците во метрото и возовите им се делеше вода.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин ги повика жителите на московската метропола, која има повеќе од 20 милиони жители, да преземат мерки на претпазливост и да избегнуваат да излегуваат надвор во најжешките периоди од денот.
„Во текот на денот температурата на воздухот ќе ја надмине климатската норма и повторно ќе се искачи над 30 степени“, изјави Собјанин.
Тој додаде дека за утре (5 јули) се предвидуваат грмежи и дека постои можност за град.