Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе присуствува на четвртиот натпревар на националниот тим на Европското првенство кое се оддржува на домашен терен. Натпреварот ќе се одигра в петок, на големата четвртфинална пресметка со Шпанија.
Портпаролката на владата на 3 јуни изјави дека Шолц ќе биде присутен на натпреварот во Штутгарт.
“Канцеларот со нетрпение го очекува продолжението на овој европски фестивал, каде луѓето се среќаваат со почит и благодарност“, изјави портпаролката на герамнскиот канцелари.
Видете и ова: Ново во македонскиот спорт е само ново министерствоВо четвртфиналето, домаќинот на првенството Германија ќе игра против Шпанија, додека два часа подоцна истиот ден Португалија ќе се соочи со Франција. Натпреварите меѓу Холандија и Турција, како и Англија со Швајцарија ќе се одиграат во сабота на 6 јуни.
Четвртфиналните средби ќе се играат во Штутгарт, Хамбург, Берлин и Диселдорф.