Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Киев, што е негова прва посета на Украина по целосната инвазија на Русија во 2022 година.
Фајненшл тајмс и Гардијан, цитирајќи неименувани официјални лица, велат дека се очекува Орбан да има средба со претседателот на Украина Володимир Зеленски на 2 јули.
Ниту украинските, ниту унгарските власти веднаш не ги потврдија новинарските извештаи.
Видете и ова: Што може да се очекува од унгарското претседателство со ЕУ?Патувањето следува еден ден откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со Советот на Европската Унија.
Орбан важи за критичар на западната воена помош за Киев и е еден од ретките западни лидери кои се сретнале со рускиот претседател Владимир Путин по инвазијата.