Илјадници ултраортодоксни Евреи во Израел синоќа протестираа против регрутирањето, јави ДПА. Протестите беа поттикнати од неодамнешната наредба на Врховниот суд да започне регрутирање на ултраортодоксните мажи.
Локалните медиуми јавија за насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата во Ерусалим. Полицијата на коњи и водени топови беа употребени за растерување на демонстрантите во црни одела. Демонстрантите гаѓаа со камења и нападнаа полицајци, што резултираше со апсење на пет лица.
Видете и ова: Израелски суд: Ултраортодоксните Евреи мора да служат војскаВо Израел со децении постојат ослободувања од задолжителен воен рок за ултраортодоксните мажи. Сепак, тие исклучоци истекоа пред три месеци.
Како резултат на тоа, највисокиот суд нареди суспензија на државните субвенции за ултраортодоксните полнолетни мажи кои учат во верските училишта.
Од почетокот на војната загинале повеќе од 600 војници.
Политички моќните ултраортодоксни партии се клучни партнери во владејачката коалиција на Нетанјаху и се против секоја промена на сегашниот систем, објави АП.
Доколку се укинат ваквите исклучоци за ултраортодоксните Евреи, тоа може да доведе до колапс на коалицијата, пад на владата и распишување нови избори.