Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи објави дека отишол во Покровск, град во близина на особено тешката зона на фронтот во регионот Доњецк, во источна Украина.
„Го започнав овој ден во регионот на Доњецк со нашите војници, со врховниот командант Олександар Сирски и новиот командант на заедничките сили, генералот Андриј Гњатов. Денеска официјално ги запознав со сите одговорни за одбраната во регионот на Доњецк и добив извештаи директно од позициите“, рече Зеленски во видеото објавено на Телеграм.
Видете и ова: Украина ги започна преговорите за членство во ЕУВидеото е снимено пред знакот за градот Покровск, сектор во кој Русите се во офанзива со недели.
„Во регионот Доњецк одржав детален состанок за безбедноста и поддршката за народот. Се осврнавме на многу прашања, вклучително и обезбедување на основни услуги како што се вода, социјалните прашања, евакуација, помош во одбраната и реставрацијата на домовите“, рече Зеленски.
Зеленски додаде дека новоименуваниот Гњатов е млад човек, но дека неговото познавање на линијата на фронтот и искуството се „токму она што е потребно“.