Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева, денеска (19 јуни) испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор во Клиничка болница – Битола и во Универзитетската клиника за детски болести.
Ова го соопштија од Министерството за здравство откако беше објавено дека починало новороденче кое било родено во битолската болница од каде поради влошена состојба било испратено кон клиниката во Скопје.
Видете и ова:
ОЈО нареди обдукција на телото на починатото бебе во ОхридСо вонредната инспекција треба да се направи увид за текот на лекување и третманот на родилката и нејзиното починато новороденче.
Таткото на починатото новороденче, претходно во текот на денот, во изјави за медиумите обвинија дека не се интервенирало навреме. Од Клиничката болница во Битола, пак, тврдат дека навремено реагирале и ги известиле родителите.
Бебето било родено во петокот (14 јуни), а починало наредниот ден.