Одржувањето на претстојниот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Белгија и Израел во Брисел би било невозможно од безбедносни причини поради протести, соопштија властите на белгиската престолнина на 19 јуни.
„По внимателна и детална анализа, мора да заклучиме дека најавата за ваков натпревар во нашиот главен град во овие особено тешки моменти несомнено ќе доведе до големи демонстрации и контра-демонстрации, загрозувајќи ја безбедноста на гледачите, играчите, жителите на Брисел и нашите полициски сили“, се вели во официјалното соопштение на градот.
Видете и ова:
Зошто протестираат студентите на американските универзитети?Натпреварот меѓу Белгија и Израел е во рамки на Лигата на нации на УЕФА и е закажан за 6 септември 2024 година.
Војната на Израел во Газа предизвика глобални демонстрации, вклучително и во Белгија, каде пропалестинските активисти организираа протести и кампување на универзитетите. Од тие причини, некои универзитети делумно или целосно ги прекинаа врските со израелските институции, пишува Ројтерс.