Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе излезе од затвор на условен отпуст, откако Апелациониот суд на 12 март одлучи да ја уважи неговата жалба со која се бараше неговиот условен отпуст. Тој излегува по шест години поминати во затвор за повеќе предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, но Апелациониот суд решението за условен отпуст го донесе за случајот „Титаник„ за изборни нерегуларности во кој беше осуден на три и пол години затвор.
Судот во март ја преиначи одлуката за условен отпуст за Јанакиески, откако првичната беше условниот отпуст да започне на 16.01.2025 година под услов до истекот на условното „обвинетиот да не стори ново кривично дело“, соопштија од Апелацискиот суд.
Видете и ова: Јанакиески од јуни на условен отпуст, за Мијалков ќе одлучува Кривичен судСлучајот „Титаник“ е дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кои пропаданаа откако Собранието во 2023 година донесе измени на Кривичниот законик со кои се намалија предвидените казни за злоупотреба на службената положба, па делата порано застаруваат.
Покрај за случајот „Титаник“, Јанакиески беше обвинет и во предметите „Шпански скали„ и „27-ми април“.
Европскиот суд за човекови права и слободи лани ја објави пресудата во случајот на поранешниот министер против Северна Македонија, во однос на изречените мерки притвор за судските предмети за „27 април“ и за „Шпански скали“, во која е наведено дека на Јанакиески му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права.
Според пресудата, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра, од кои 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.