Претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова вели дека кон војната во Украина треба да се однесуваме не како кон украински проблем, туку како европски и светски проблем.
„Неподелени беа мислењата дека дијалогот е здрава работа, дека мировната конференција навистина и покрај многуте учесници дојде до единствени сознанија. Најчесто се повикувавме сите на Повелбата на Обединетите нации, најчесто се повикувавме сите на мировните решенија“, изјавила претседателката Сиљановска-Дафкова, соопштија од нејзиниот Кабинет.
Таа ова го изјави пред почетокот на денешната пленарна сесија на Самитот за мир во Украина, што се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн во Швајцарија, на која треба да има свое обраќање.
Видете и ова: Зеленски се надева дека мировната конференција ќе го зголеми притисокот врз МоскваЗаблагодарувајќи се на Швајцарската Конфедерација за организирањето на Самитот, таа информирала дека остварила куси средби со претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд, потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Учествувала и на панелот за безбедноста, односно опасноста по безбедноста за храната, од што како што кажа и ние сме засегнати.
Самитот од 15 до 16 јуни е кулминација на неколку состаноци на светските лидери и нивните советници во изминатите 19 месеци. Зеленски првпат ја претстави својата мировна формула виртуелно на состанокот на Групата 20 одржан во Индонезија во ноември 2022 година. Потоа следеа четири состаноци на советници за национална безбедност.
Москва не беше поканета да присуствува на собирот што украинските власти го нарекоа како мировен самит. Дури и пред изјавите на Путин на 14 јуни во Министерството за надворешни работи во Москва, руските власти го отфрлија настанот како залуден.