Пратениците Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ се избрани за потпретседатели на Собранието на Северна Македонија.
За нивниот избор на потпретседателската функција во Собранието гласаа мнозинство пратеници на денешната пленарна седница која уследи откако претходно на собраниската Комисија за избори и именувања тројцата беа утврдени како потпретседателски кандидати.
Видете и ова:
Мицкоски ќе го достави предлогот за Влада во вторник во СобраниеЗа Милошоски гласаа 69 пратеници, за Митрески се изјаснија 82 пратеници, а за Бендевска гласаа 70 пратеници.
Ниту еден пратеник не гласаше „против“ или „воздржано“ за изборот на тројцата потпретседатели на парламентот.
По гласањето, новоизбраните потпретседатели дадоа свечена изјава во пленарната сала. Заклетва пред пратениците дадоа Јован Митрески и Весна Бендевска. Антонијо Милошоски отсуствуваше од седницата поради здравствени причини, а свечената изјава ќе ја даде на првата наредна пленарна седница.