Израелските тенкови напредуваа подлабоко во западната област Рафа, среде една од најлошите ноќи на бомбардирање од воздух, земја и море, принудувајќи многу семејства да ги напуштат своите домови и шатори под темнина, изјавија жителите во четвртокот на 13 јуни за новинската агенција Ројтерс.
Жителите на Рафа тврдат дека израелските сили извршуваат напади врз областа Ал-Маваси во Рафа во близина на плажата, која е означена како хуманитарна област во сите мапи објавени досега од израелската армија откако ја започна офанзивата Рафа во мај годинава.
Израелската војска во соопштение негираше дека извршила какви било напади врз хуманитарната зона Ал-Маваси.
Видете и ова:
Истрага на ОН го обвинува Израел за злосторства против човештвото, Хамас за воени злосторстваВо нивното соопштенеие е наведено дека израелскиот напад имал за цел да ги избрише последните недопрени борбени единици на Хамас во Рафа, град во кој се засололнија над еден милион луѓе пред да започне израелската офанзива.
Во соопштението на израелската војска се вели дека продолжуваат со „разузнавачки, насочени операции“ на Рафа, велејќи дека силите во изминатиот ден пронашле оружје и убиле палестински вооружени лица во борби од близок дострел.
Израел ја отфрли можноста за мир додека Хамас не биде искорен, а голем дел од Газа е во урнатини. Но, Хамас се покажа отпорен, а милитантите повторно се појавија за да се борат во областите каде што израелските сили претходно изјавија дека ги поразиле и се повлекле, јавува Ројтерс.