Најмалку 41 лице загина во средата во пожар во зграда во градот Мангаф на југот на Кувајт, во која се сместени работници, изјави заменик-премиерот на земјата Шеик Фахад Јусуф Сауд Ал-Сабах за време на посетата на местото на несреќата.
Вицепремиерот ги обвини сопствениците на имот за прекршоци и алчност, наведувајќи дека овие фактори придонеле за пожарот.
„За жал, алчноста на сопствениците на имот е она што води до овие работи“, рече шеикот Фахад, кој исто така раководи со министерствата за внатрешни работи и за одбрана.
Видете и ова: Пожар во индустриска зграда во Киевската област по рускиот нападПожарот бил пријавен кај властите во 6 часот по локално време, изјави полицискиот генерал-мајор Еид Рашед Хамад.
„Зградата каде што избувна пожарот се користеше за сместување работници и таму имаше голем број работници. Десетици беа спасени, но за жал многумина починаа од вдишување чад“, изјави друг висок полициски командант за државната телевизија.
Пожарот е под контрола, а властите ги истражуваат причините, соопштија официјални лица.