Во Прага уапсен маж поврзан со терористичка закана

Чешка полиција (фотоархива)

Маж поврзан со терористичка закана е уапсен во Чешка, соопштија властите.

На железничките станици и јавните места во Прага подигнати се мерките за безбедност за што чешката полиција денеска (9 јуни) соопшти дека се неопходни поради потенцијална закана за тамошната инфраструктура.

По осомничениот, за кој се верува дека е лице кое зборува шпански и е со потекло од земја од Латинска Америка, се трагало од петокот, соопштија властите.

Видете и ова: Пукање на Филозофскиот факултет во Прага: 14 загинати и 25 повредени

Тие претходно предупредија дека човекот е опасен.

Јавениот обвинител Мартин Били изјави дека мажот е под истрага за подметнување пожар, иако кривичната постапка сè уште не е започната.

Повеќе детали не беа дадени.