Пропалестински активисти кои бараат да запре американската поддршка за Израел и да се стави крај на војната во Газа, планираат да ја опкружат Белата куќа во текот на викендов. Тоа ги натера безбедносните служби да преземат дополнителни безбедносни мерки, вклучително и поставување ограда за демонстрантите, пишува Ројтерс.
Активистичките групи како ЦОДЕПИНК (CODEPINK) и Советот за американско-исламски односи соопштија дека планираат демонстрациите во сабота, по повод осум месеци од почетокот на израелската војна против Газа во која загинаа десетици илјади луѓе и која предизвика хуманитарна криза.
САД, клучниот сојузник на Израел, се соочија со повеќемесечни пропалестински протести – од маршеви во Вашингтон и протести во близина на Белата куќа до блокирање мостови и патишта во близина на железничките станици и аеродроми во повеќе градови и универзитетски кампуси.
Видете и ова: Борел: ЕУ го поддржува планот на Бајден за прекин на огнот во ГазаНајмалку осум функционери ја напуштија администрацијата на претседателот Џо Бајден поради нивното противење на неговата политика. Демонстрантите, исто така, прекинаа некои настани од кампањата за реизбор на Бајден. Бајден деновиве е во официјална посета на Франција.
„Во подготовка за настаните овој викенд во Вашингтон, кои може да доведат до големи собири на луѓе, воведени се дополнителни мерки за јавна безбедност во близина на комплексот на Белата куќа“, изјави портпаролот на американската тајна служба.
Бајден и Белата куќа претходно изјавија дека поддржуваат мирни протести, но не и хаос и насилство.
Студентски протести изминатиот период повремено избувнуваа со насилство додека полицијата апсеше со цел да ги расчисти немирните на кампусите. Антивоените активисти кои кампуваа на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес пред неколку недели беа насилно нападнати од група нивни противници.
Исто така, среде конфликтот во САД се јави и загриженост за порастот на антисемитизмот и исламофобијата.
Војната започна кога палестинската милитантна група Хамас, прогласена за терористичка од САД и ЕУ, го нападна Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 и земајќи 250 заложници, според израелските податоци.
Во нападите што следуваше од страна на Израел врз Газа, според Министерството за здравство контролирано од Хамас, загинале следеше загинале повеќе од 36.000 луѓе, а речиси цело население од 2,3 милиони е раселено што доведе до обвинувања за геноцид кои Израел ги отфрла.