Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија нови членки на Советот за безбедност

Совет за безбедност на Обединетите Нации

Во четвртокот, на 6 јуни, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) ги избра Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија како дел од 15-члениот Совет за безбедност со двегодишен мандат, почнувајќи од 1 јануари 2025 година.

Советот за безбедност е единственото тело на ОН кое може да носи правно обврзувачки одлуки како што се наметнување санкции и одобрување употреба на сила. Има пет постојани членки со право на вето: Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД.

Останатите 10 членови се избираат, со тоа што има пет нови членови секоја година.

Видете и ова: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската кандидатура за членство

Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија - сите избрани на неспорни листи, ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Швајцарија и Мозамбик.

За да се обезбеди географска застапеност, местата се доделуваат на регионални групи. Но, дури и ако земјите од нивната група настапат без противници, тие сепак треба да добијат поддршка од повеќе од две третини од Генералното собрание.

Данска доби 184 гласа, Грција 182, Пакистан 182, Панама 183 и Сомалија 179 гласа.