Московскиот суд на 5 јуни ја осуди Ана Бажутова на 5 и пол години затвор под обвинение за дистрибуција на лажни информации за руската војска.
Обвинението беше поврзано со онлајн објави на Бажутова во 2022 година, коишто ги цитираа жители на украинскиот град Буча во близина на Киев за злосторствата за кои се тврди дека биле извршени од страна на окупаторските руски трупи врз цивилите.
Видете и ова: Американски државјанин осуден во Русија за „рехабилитација на нацизмот“Бажутова се изјасни за невина.
Таа изјави дека е против секоја војна и дека тоа не било конкретно насочено кон Русија.
Таа додаде дека ги објавила своите извештаи на нејзиниот канал ЈокоБович на Твич додека била под голем емоционален стрес и земала лекови.