Московската полиција приведе две жени кои отишле да му оддадат почит на гробот на починатиот критичар на Кремљ Алексеј Навални на гробиштата Борисов, објави групата ОВД-Инфо, цитирајќи сведок.
Надвор од Русија, поддржувачите и членовите на семејството на опозицискиот политичар го одбележаа 48-от роденден на Навални на 4 јуни, додека во Русија многу луѓе отидоа на неговиот гроб да се сеќаваат на него и покрај предупредувањата за нелегални собири.
Полицијата најпрвин приведе млада жена на гробиштата за наводно истакнување екстремистички симболи, рече сведокот, а потоа уште една жена е приведена откако повикала полиција да не ја вознемирува младата жена.
Во Новосибирск, полицијата уапси две жени кои отишле да положат цвеќе на споменикот на жртвите на политичката репресија - место кое активистите го користеа за да му оддадат почит на Навални.
Видете и ова: Повеќе од 120 лица уапсени во Русија поради учество на собири во чест на НавалниСмртта на Навални беше објавена на 16 февруари во затворот Полар Волф на рускиот Арктик, каде што отслужуваше 19-годишна затворска казна за екстремизам и други обвиненија кои тој и неговите поддржувачи ги отфрлија како политички мотивирани.
Навални се соочи со тешки затворски услови, но руските власти соопштија дека тој починал од „природна смрт“ и одбивал да му го даде неговото тело на семејството речиси една недела.
Тој беше затворен во јануари 2021 година, веднаш по враќањето во Русија од Германија, каде што помина со месеци на лекување од труење со нервен агенс за кое веруваше дека го извршиле руските безбедносни оперативци по наредба на Путин.
Јулија Навалнаја ја нарече смртта на нејзиниот сопруг убиство, додека американскиот претседател Џо Бајден и другите западни претставници ја обвинија Москва дека е одговорна за смртта на најистакнатиот опозициски критичар.
Неговиот погреб на 1 март во Москва, на кој присуствуваа илјадници луѓе, стана најголемиот показател со несогласување од режимот на Путин од почетокот на руската инвазија на Украина.