На аеродромот Ринас во Албанија 16 службеници на граничната полиција се осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската унија.
Обвинителството во Тирана соопшти дека полициски службеници, наводно во соработка со сопственик на туристичка агенција, една година го олеснувале преминувањето на албанските државјани во различни земји од ЕУ.
На еден граничен полицаец судот му одреди мерка притвор, за уште тројца домашен притвор и уште четворица обврска за пријавување во полиција. Останатите осум не се под безбедносни мерки.
Граничните полицајци се осомничени за злоупотреба на службената положба и за пасивна корупција.
Видете и ова: Албанското Специјално обвинителство заплени имот тежок 41 милион евраГрупата била откриена откако пред неколку дена бил уапсен за дрога првичниот сопственик на туристичката агенција со која соработувала полицијата.
Обвинителството во Тирана соопшти дека најмалку 200 граѓани успеале илегално да преминат од аеродромот „Мајка Тереза“ во Ринас кон земјите на ЕУ.
Во еден случај, преносот бил дозволен дури и на малолетно лице без родителско овластување.
Групата што го овозможила преминот наводно добила по 500 евра од секоја.
Таа незаконска активност, според обвинителството во Тирана, траела од март 2023 година до март годинава.