На 4 јуни, лидерот на движењето „Крени-промени“, Саво Манојловиќ, рече дека поради очигледната манипулација со гласовите и евиденцијата на гласачите во Белград и Ниш, бара опозициските партии од овие градови, како и од републичко собрание, да го напушти парламентот доколку продолжи презакажувањето на изборите.
„Утре (среда, 05.06.) во 10 часот треба да имаме јасна одлука дали имаме целосно делегитимизирана влада, за во сабота да влеземе во целосна граѓанска непослушност. Немаме време да продолжиме два месеци co шетaње и индивидуални протести“, рече Манојловиќ на прес-конференција.
Тој појасни дека повикот за напуштање на парламентот се однесува на градот Белград, Ниш, општина Нови Белград, но и на републичкиот парламент, бидејќи како што истакна, суштината на легитимирањето на владата е републичкиот парламент.
„Кога немате опозиција во парламентот, тогаш имате диктатура“, рече Манојловиќ.
Тој рече дека тоа ги обединува опциите кои велеа дека не треба да се одржуваат избори во Белград и локални избори, како и оние што се одржаа, истакнувајќи дека има јасен план како да се организира граѓанска непослушност.
Видете и ова: Вучиќ ја победи во Белград поделената опозицијаЛистата „Крени-Промени“ освои 21 мандат на изборите на 2 јуни во Белград и ја претставува најсилната опозициска група во главниот град.
Српската напредна партија е дел од широката коалиција, која меѓу другите ги вклучува и Социјалистичката партија на Србија, Српската радикална партија, Заветници и Социјалистичкото движење и има освоено 64 мандати и може самостојно да ја формира градската влада.
Опозицијата тврди дека има мнозинство и во општина Нови Београд, најголемата општина во градот. Од друга страна, СНС тврди дека таа го има мнозинството.
Власта прогласи тесна победа во Ниш, третиот по големина град во земјата. Градската изборна комисија на 3 јуни објави дека листата на СНС освоила 30 мандати, како и четири опозициски листи, а еден мандат добила малцинската руска партија. Истиот ден, СНС од Ниш објави дека коалицирала со Руската партија и дека ќе формира влада.
Видете и ова: ОБСЕ/ОДИХР: Забележани нерегуларности на изборите во БелградНишката опозиција изрази сомнеж за конечните резултати објавени од ГИК.
Шефот на Набљудувачката мисија на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) Ламберто Заниер оцени дека е постигнат мал напредок во пресрет на јунските локални избори во однос на изборите на крајот на 2023 година, но додаде дека останатите клучни проблеми се нееднаквите изборни услови, пристрасно медиумско известување, притисок врз гласачите и купувањето гласови.
Набљудувачката мисија на ЦРТА за време на изборниот ден поднесе осум кривични пријави за изборни манипулации, главно за купување гласови.
Програмскиот директор на оваа невладина организација Раша Недељков на 3 јуни изјави дека изборите во Белград „не можат да се сметаат за слободни и фер“ и дека изборите завршиле „поразително за правната држава“.