Зеленски на Филипините бара поддршка за мировната конференција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (лево) се ракува со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос во Манила, 3 јуни 2024

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во претходно ненајавена посета на Филипините, за да го промовира мировниот самит што ќе се одржи подоцна овој месец во Швајцарија.

Зеленски, кој пристигна во Манила од Сингапур, каде што присуствуваше на годишниот безбедносен самит Шангри-Ла дијалог, се состана со филипинскиот претседател Фердинанд Маркос.

„Разговаравме за воведниот Глобален мировен самит и важноста на земјите од Југоисточна Азија да бидат претставени таму. Задоволен сум што Филипините ќе учествуваат на самитот“, напиша Зеленски на X.

Видете и ова:

Зеленски најави учество на 100 земји на мировниот состанок за Украина во Швајцарија

Зеленски на 2 јуни во Сингапур изјави дека повеќе од 100 земји и организации најавиле присуство на мировниот состанок за Украина во Швајцарија.

Зеленски претходно на маргините на конференцијата се сретна со двопартиска делегација на Претставничкиот дом на САД и рече дека двете страни „укажале на важноста да и се дозволи на Украина да користи американско оружје за напад на воени цели на руска територија во областите што граничат со Харковската област“.

Тој рече дека било покренато и прашањето за „дополнително зајакнување на притисокот со санкции врз Руската Федерација“.