Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 2 јуни во Сингапур изјави дека повеќе од 100 земји и организации најавиле присуство на мировниот состанок за Украина во Швајцарија којшто ќе се одржи на средината на јуни.
Зеленски се состана со странските лидери во Сингапур, бидејќи пристигна еден ден порано годишниот безбедносен самит „Дијалог Шагри-Ла“ каде што се обидува да добие меѓународна поддршка пред швајцарската мировна конференција кон крајот на овој месец.
Русија не учествува на настанот во Сингапур откако ја започна инвазијата врз Украина пред две години, а Кина исто така рече дека нема да присуствува.
Зеленски и украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров разговараа повеќе од еден час со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, откако САД оваа недела ги намалија ограничувањата за употребата на американскоот оружје од Украина и им дозволија на украинските сили да напаѓаат цели во Русија.
Видете и ова: Зеленски пристигна во Сингапур на дијалогот Шангри-ЛаПретставник на Пентагон рече дека Остин ја потврдил посветеноста и „силната поддршка“ на САД за Украина и дека двете страни ветиле дека и понатаму ќе го „зајакнуваат (нивното) стратешко одбранбено партнерство“.
Зеленски претходно на маргините на конференцијата се сретна со двопартиска делегација на Претставничкиот дом на САД и рече дека двете страни „укажале на важноста да ѝ се дозволи на Украина да користи американско оружје за напад на воени цели на руска територија во областите што граничат со Харковската област“.
Зеленски рече дека „покренато е и прашањето за дополнително зајакнување на притисокот со санкции врз Руската Федерација“.
Украинскиот претседател се сретна и со новоизбраниот претседател на Индонезија, Прабов Субјант, кој на истиот самит минатата година предложи индонезиски план за ставање крај на војната во Украина.
Украинската војска на 2 јуни соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана пресретнала 24 од 25 руски беспилотни летала во текот на ноќта, додека земјата се обидува да се опорави од еден од најголемите напади врз енергетската инфраструктура на Украина што се случи еден ден претходно.