Отворена истрага против седуммина за улична продажба на дрога

Јавното обвинитлество.

Јавното обвинителство соопшти дека спроведува истражна постапка против седум лица осомничени за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик, откако вчера беа уапсени 28 лица во акција на полицијата во Скопје „ засузбивање на училно дилерство на дрога“.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во вчерашната акција кај уапсените пронашла кокаин, амфетамин, марихуана, големи суми пари за кои полицијата се сомнева дека се од продавање на дрогата, како и ваги и други предмети.

Видете и ова: 28 уапсени во полициска акција во Скопје против улична трговија со дрога

Како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО), двајца од седуммината се осомничени за продолжено извршување на кривичното дело, додека еден за помагање.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за три лица, како и предлог за мерки на претпазливост за уште тројца од осомничените.

Од обвинителството наведуваат дека од декември 2023 година имало координирани активности на повеќе полициски единици и дека се преземале истражни дејствија по наредби на јавен обвинител, по кои во текот на вчерашниот ден резултирале со претреси на повеќе локации, а кај осомничените кои се на возраст меѓу 28 и 50 години, била пронајдена наркотична дрога и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од улична продажба на дрога.