Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 31 степен.
И во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност.