Зеленски пристигна во Сингапур на дијалогот Шангри-Ла

Украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на 1 јуни пристигна во Сингапур на конференцијата Шангри-Ла Дијалог.

Таму тој планира да се сретне со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Исто така Зеленски планира да се обрати пред делегатите за поддршката за неговата земја која е зафатена од војна.

По пристигнувањето на местото на конференцијата во силно обезбедување, Зеленски во изјава на платформата за социјалните медиуми Х рече дека дошол да собере поддршка од азиско-пацифичкиот регион за мировниот самит планиран за 15-16 јуни во Швајцарија.

Видете и ова: Украина потпишува безбедносни договори со нордиските земји додека Русија ги засилува нападите

Зеленски претходно на 31 мај потпиша договори за безбедност и соработка со Шведска, Норвешка и Исланд додека присуствуваше на третиот самит Украина-Северна Европа во Стокхолм.

Договорите беа потпишани додека руските напади и гранатирање продолжија да предизвикуваат хаос во градовите во Украина, убивајќи цивили и оштетувајќи ја инфраструктурата.