28 уапсени во полициска акција во Скопје против улична трговија со дрога

Илустративна фотографија.

Во голема акција на македонската полиција на 31 мај во Скопје „за сузбивање на училно дилерство на дрога“ биле упасени 28 луѓе, соопшти Министерството за внатрешни работи МВР. Кај уапсените бил пронајден кокаин, амфетамин, марихуана, големи суми пари за кои полицијата се сомнева дека се од продавање на дрогата, како и ваги и други предмети.

Во текот на ноќта од слобода биле лишени В.Г.(46), М.В.(22) и С.Б.(21), кај кои бил пронајден кокаин, наведуваат од МВР, додека кај Д.Т.(24) од Кочани и кај С.В.(28) од Скопје при претрес биле пронајдени поголеми суми пари за кои полицијата се сомнева дека потекнуваат од продажба на дрога.

Полицијата извршила и претреси на седум локации во Скопје, по што кај Ѓ.Ш. (41) од Скопје биле пронајдени марихуана, вага и други предмети поврзани со кривичното дело, додека кај А.П.(29) бил пронајден куршум и запалка за бомба. Кај Б.П.(34) биле пронајдени остатоци од кокаин и други предмети поврзани со кривичното дело, велат од полицијата.

Видете и ова: Повеќе лица уапсени во Србија и Чешка под сомнение дека се дел од криминална група

Од слобода биле лишени и А.Б.Ј., поради сомнение за уништување докази, како и М.Д.(37) од Скопје, кај кого бил пронајден кокаин.

При претрес кај Ф.Д.(41) од Скопје биле пронајдени поголема сума пари, марихуана, лични карти и пасоши на повеќе лица кои биле оставани како залог за купопродажба на дрога, а при преземени мерки за негово лишување од слобода, тој не застанал на издадена наредба за запирање, при што оштетил три службени возила, извршувајќи и кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и за него е издаден распис за негово пронаоѓање и приведување, велат од МВР.

Покрај 28-те приведени, во текот на криминалистичката истрага биле обезбедени повеќе материјални докази за инволвираност на лицата во улична продажба на кокаин, амфетамин и марихуана, поради што за две лица веќе е поднесена кривична пријава и одредена е мерка притвор.

Полицијата одземал мотоцикл „хонда“ како и патничко возило „форд мондео“ за кое обезбедила докази дека било користено за продажба на кокаин. Во текот на денешниот ден од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против 7 лица, се вели во соопштението на МВР.

Истрагата треала од декември 2023 година и се спроведувала по насоки на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје на 32 мај и 1 јуни 2024 година.

Во акцијата учествувале Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, САЕ Тигар и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија.