Уставен суд не може да избере наследник на Кацарска

Уставен суд на РСМ

Пропаднаа четири обиди за да се избере идната претседателка на Уставниот суд на Република Северна македонија. Кандидатки за прв човек на судот се уставните судијки Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева. За да се избере претседател на судот е потребно дво третинско мнозинство односно еден кандидат да има 6 гласови од вкупно 9 уставни судии. Судиите во текот на денот гласаа во два наврати, па дадоа пауза па гласаа уште два пати, но во ниту еден случај една од кандидатките не го добила потребниот број гласови.

Видете и ова: Кацарска - „Трпам закани неколку години наназад“

„Согласно Деловникот постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставен суд“, велат од судот.

Според информациите од судот гласањето продолжува утре во 10 часот. Инаку на актуелната претседателка Добрила Кацарска мандатот и истекува на 2 јуни.