Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше Обединетите нации (ОН) и го повика „исламскиот свет“ да реагира по последните израелски напади врз Газа.
„ОН не можат да го заштитат ниту својот персонал. Што чекате да дејствувате? Духот на ОН е мртов во Газа“, рече Ердоган.
Израелските тенкови вчера на 28 мај стигнаа до центарот на Рафа, за прв пат по тринеделната копнена операција во југот на Појасот Газа, која наиде на глобална осуда и доведе до уште едно масовно преселување на палестинските бегалци.
За време на нападот на израелската армија врз кампот западно од Рафа, загинале повеќе од 20 лица, според податоците на цивилната одбрана во Газа.
Ердоган денеска критикуваше и одредени земји со мнозинско муслиманско население, посочувајќи дека тие немале заедничка акција во врска со израелскиот напад.
Видете и ова: Алжир достави предлог-резолуција за прекин на израелската офанзива во Рафа„Имам неколку зборови за исламскиот свет. Што чекате за да донесете заедничка одлука?“, рече Ердоган за време на обраќањето пред претставниците на неговата политичка партија, Партијата на правдата и развојот (АКП).
Тој исто така рече дека „Израел не е закана само за Газа, туку и за целото човештво“.
Израелските тенкови денеска продолжија втор ден по ред со пробните напади низ Рафа - град кој е едно од последните засолништа за раселените Палестинци.
Военото крило на Хамас - група која Европската унија и САД ја сметаат за терористичка и за Исламски џихад, соопштија дека се спротивставиле на израелските сили со противтенковски и минофрлачки ракети.
Израелската армија тврди дека на 29 мај тројца нејзини војници биле убиени, а тројца биле тешко ранети во борбите во јужниот дел на Газа.
Видете и ова: УНРВА: Околу милион луѓе избегале од Рафа во последните три неделиПалестинските здравствени власти известија дека неколку луѓе биле ранети од израелски оган во источниот дел на Рафа и дека некои продавници биле запалени.
Израел продолжи со нападите врз Рафа и покрај одлуката на највисокиот суд на Обединетите нации, кој во петокот му нареди да ја прекине офанзивата.
Повеќе од 36.000 Палестинци се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната, соопшти Министерството за здравство на Газа ко е под контрола на Хамас.
Израел ја започна операцијата откако милитантите предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври, убивајќи околу 1.200 луѓе и земајќи повеќе од 250 заложници, според израелските извештаи.