Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се очекува денеска (29 мај) да пристигне во Молдавија, каде што се очекува да ја потврди поддршката на Вашингтон за аспирациите на малата земја од Југоисточна Европа за приклучување кон западните институции.
Молдавија, која има долга граница со воено разурната Украина, остро ја осуди руската инвазија на нејзиниот сосед и засолни илјадници украински бегалци на почетокот на конфликтот.
Видете и ова:
Санду: Русија сака да ја дестабилизира МолдавијаПрозападно ориентираната претседателка Маја Санду, се обидува да ја ослободи Молдавија од долгогодишното влијание на Русија и во нејзиниот мандат таа доби статус на кандидат за Еврпската Унија.
Вашингтон ја изрази цврстата поддршка на Санду, која се соочува со реизбор подоцна во текот на оваа година.