Лавров: Талибанците се вистинската сила на Авганистан

Талибански војници, Херат, Авганистан

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во понеделникот дека Талибанците се „вистинска сила“ во Авганистан и дека евентуалното отстранување на групата од листата на забранети организации на Москва ја одразува „објективната реалност“, пренесе државната новинска агенција ТАСС.

ТАСС во понеделник (27 мај) објави дека руските министерства го информирале претседателот Владимир Путин дека Москва може да ги отстрани Талибанците од таа листа.

Москва, исто така, ги покани Талибанците на голем економски форум во Санкт Петербург следниот месец.

Видете и ова:

Талибанскиот е најрепресивниот режим за жените во светот

Талибанците започнаа голема операција за преземање на власта во Авганистан откако Соединетите Држави објавија дека ги повлекуваат трупите од земјата.

Поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани побегна од земјата на 15 август 2021 година, а Талибанците ја презедоа власта.

Американската војска целосно се повлече од Авганистан.