Ерменската полиција вчера приведе 137 демонстранти во Ереван, кои ги блокираа улиците на главниот град, барајќи оставка од премиерот Никол Пашинјан.
Во Ереван од април секоја недела се одржуваат протести со барање за оставка на Пашинјан.
Протестите се предводени од надбискупот Баграт Галстанјан, а почнаа поради тоа што Пашинјан отстапи четири населени села на Азербејџан.
Видете и ова: Пашинјан: Ерменија повеќе не може да се потпира на Русија за одбранаПашинјан ја критикуваше Русија што не интервенираше за да ги запре азербејџанските сили во регинот на Нагорно-Карабах и оттогаш јавно го доведе во прашање традиционалниот сојуз на неговата земја со Русија - која има голем број воени инсталации внатре во Ерменија и која во меѓувреме почна да создава поблиски врски со Западот.
Ерменија и Азербејџан со децении се расправаат за сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах, кој е дел од Азербејџан. Откако силите на Баку го вратија овој планински регион кој со години беше под контрола на етничките Ерменци, повеќето жители побегнаа во Ерменија.
Официјален Ереван го обвинува Азербејџан за етничко чистење, како и величење на антиерменскиот расизам, дозволување на антиерменски говор на омраза и уништување ерменски културни објекти. Баку ги негира овие обвинувања.