Едно лице починало, а двајца биле повредени во синоќешното пукање на булеварот „Никола Карев“, познат како Пластичарска улица, во Скопје. Повредените се префрлени во хируршката болница „Св. Наум Охридски“ и на комплексот клиники Мајка Тереза.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта извршиле увид на местото каде што се случил инцидентот.
„Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија“, информираат од ОЈО.
Оттаму додаваат дека Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.
Мотивите сè уште не се познати.