Хеликоптерот на ерменскиот премиер „непланирано“ слета поради лошите временски услови

Архивска фотографија ерменскиот претседател Никол Пашинијан

Хеликоптерот со ерменскиот премиер Никол Пашинијан направи „непланирано слетување“ поради лошите временски услови за време на патувањето во заедниците во близина на границата на земјата со Азербејџан на 25 мај.

„Се е во ред. Поради лошите временски услови, нашиот хеликоптер непланирано слета во Ванадзор. Сега го продолжуваме нашето патување со автомобил“, напиша Пашинијан на социјалната мрежа Фејсбук.

Вандазор се наоѓа на околу 120 километри северно од главниот град на Ерменија, Ереван.

Видете и ова:

Десетици уапсени на протестот во Ереван за договорот за границата со Азербејџан


Подоцна во текот на денот, поворката на Пашинијан влезе во регионот Тавуш, каде што премиерот требаше да одржи средби со жителите на пограничните заедници по неодамнешната, прва досега демаркација на границата со Азербејџан, јави ерменскиот сервис на Радио Слободна Европа.

На почетокот на овој месец, Баку и Ереван ја завршија демаркацијата на границата, што резултираше со тоа што Баку ја врати контролата врз четири села, кои беа под воена контрола на Ереван од раните 1990-ти.

Пашнинан ја промовираше демаркацијата врз основа на мапите од 1976 година како „голем успех“ што ќе ја утврди легитимноста на границите и ќе помогне да се спречат идните конфликти меѓу двете земји.

Двете страни го нарекоа договорот значаен чекор кон мировен договор меѓу двата јужнокавкаски ривали.