Сончев и топол викенд со можност за пороен дожд

Илустрација, скопскиот парк

Денеска не очекува сончево и топло време со променлива облачност која ќе се зголемува во текот на денот. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Видете и ова: ЕУ ќе потроши 3,5 милијарди евра за заштита на океаните


Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во доцните часови во сабота кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.