Белоруската активистка за заштита на човекови права Палина Шаренда-Панасјук, остана во затвор иако се се очекуваше да биде ослободена на 21 мај по одлежувањето на 3 години и 5 месеци. Таа останува во притвор и може да се соочи со дополнително неодредено обвинение, изјави нејзиниот сопруг Андреј Шаренда за Радио Слободна Европа.
Засега не е позната конретната причина за продолжениот притвор.
Панасјук која е активист на европското белоруско движење, првично беше уапсена во 2021 година и осудена на две години затвор за навреда на авторитарниот владетел Александар Лукашенко, како и за наводен напад врз полицаец.
Видете и ова:
Циханускаја - Белорусите се соочуваат со „руска агресија и империјализам“Таа требаше да биде ослободена во август 2023 година, но наместо тоа беше обвинета за „прекршување на внатрешните прописи во казнено-поправен дом“ и нејзиниот затвор беше продолжен до 21 мај 2024 година.
Белорусија беше потресена од серија протести по изборите во август 2020 на кои Лукашенко тврдеше дека освоил шести мандат. Опозицијата и многу западни влади и меѓународни организации тврдеа дека гласањето било наместено и дека опозициска лидерка во егзил Свјатлана Циханускаја, која се вклучи како кандидат на местото на нејзиниот сопруг, всушност е вистинскиот побединик. По масовните протести голем дел од демонстрантите се соочија со затворски казни.