Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот на вооружени мажи врз туристи во централната авганистанска провинција Бамијан.
Во нападот кој се случи на 17 мај загинаа тројца шпански туристи, а најмалку еден беше повреден, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.
Абдул Матин Кане, портпарол на Министерството за внатрешни работи на владата предводена од Талибанците, изјави дека четири лица се уапсени во врска со нападот.
Видете и ова: Напад во Авганистан - неколку убиени, меѓу нив и странски државјаниСпоред Кане, покрај тројца странски туристи, загинал и еден авганистански државјанин, а повредени се четворица странци и тројца Авганистанци.
Бамијан е дом на место за светско наследство на УНЕСКО во кое се сместени останки од две џиновски статуи на Буда, кои беа урнати од Талибанците за време на нивното претходно владеење во 2001 година.