Вооружен напад се случил на 17 мај врз група на странски туристи во централната авганистанска провинција Бамијан.
Извор од талибанските безбедносни сили за Радио Азана на Радио Слободна Европа изјави дека во нападот имало неколку мртви.
Видете и ова: Во поплавите во Авганистан загинаа 315 луѓеИзворот, кој побара да остане анонимен, не го откри бројот на загинатите туристи или нивната националност.
Амај њуз објави дека најмалку осум лица биле убиени.
Меѓу жртвите во нападот биле и четворица странски државјани, но не беа дадени повеќе детали.