Шведска ги засили безбедносните мерки во земјата по пукање во близина на израелската амбасада во Стокхолм, соопшти полицијата на 17 мај.
Полицијата ја опколи областа околу амбасадата и изврши претреси во неколку населби во Стокхолм откако во раните утрински часови се слушнаа истрели.
„Поради сомнителни пукотници во близина на израелската амбасада во Стокхолм, полицијата презема безбедносни мерки за заштита на имотот и интересите на Израел и Евреите низ целата земја“, соопшти полицискиот оддел на својата веб-страница.
Видете и ова: Израел соопшти дека обвинувањата на Јужна Африка за геноцид се неоснованиАмбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, им се заблагодари на властите на мрежата X „за нивната итна реакција и истрага, како и за зголемените безбедносни мерки околу нашата амбасада и околу еврејските заедници“.
Во февруари, полицијата на теренот на израелската амбасада пронајде уред за кој амбасадорот рече дека претставува обид за напад.
Шведските разузнавачки служби отворија истрага за „тероризам“.
Од нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, властите и некои невладини организации во многу земји пријавија пораст на антисемитизмот, додека високиот број цивилни жртви во Газа предизвикани од одговорот на Израел дополнително ги зголеми тензиите.