Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство.
„Ќе пристигне засилување... за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран.
Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени.
Видете и ова: Стотина повредени во немирите во Нова Каледонија, Макрон свика кризен состанокКако дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5000 „бунтовници“, соопштија француските власти.
Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг.
Видете и ова: Франција го обвини Азербејџан за вмешаност во немирите на Нова КаледонијаНемирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори.