Швајцарскиот изведувач Немо е победник на Евровизија

Швајцарскиот изведувач Немо во финалето за избор на песна на Евровизија, Малме, Шведска, 11 мај 2024 година

Швајцарскиот изведувач Немо е победник на изборот за песна на Евровизија што се одржа на 11 мај во шведскиот град Малме. Со песната „Код“ (The Code) Немо освои вкупно 591 поен.

Второто место по бројот на гласови го зазеде хрватската претставничка Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“ која беше фаворит на годинашното натпреварување за најдобра евровизиска песна.

Немо од Швајцарија ѝ ја донесе на земјата третата победа на Евровизија. Финалето на натпреварувањето остана во сенка на дисквалификацијата на репрезентативецот на Холандија, Јост Клајн, неколку часа пред почетокот на програмата, во која настапија претставници на 25 земји.

Видете и ова: Зеленски нема да се обрати на Евровизија

Финалето за песна на Евровизија беше обележано и со протест на десетици илјади пропалестински демонстранти кои излегоа на улиците на Малме за да протестираат против учеството на Израел на натпреварот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Во Газа се убиваат деца“, „Стоп за геноцидот“ и „Палестина засекогаш“ и извикуваа „Слободна Палестина“.

Агенцијата АФП јави дека полицијата ги растерала демонстрантите собрани околу Арената во Малме, каде што се одржуваше финалето за песна на Евровизија.

Протестот беше организиран во услови на зголемени тензии во таа скандинавска земја поради учеството на Израел на Евровизија, во време кога Израел продолжува со нападите врз Појасот Газа, каде од почетокот на октомври минатата година беа убиени речиси 35.000 Палестинци.