Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана соопшти дека вработен во руската поправна колонија во Бердјанск, окупиран од Москва, кој бил вмешан во наводното мачење на Украинците е „елиминиран“.
Без да преземе директна одговорност, Управата за разузнавање соопшти дека автомобилот на Евгениј Ананевски експлодирал утрото на 5 мај.
„Како резултат на експлозијата, Евгениј Ананевски, кој беше вклучен во тортурата на украинските затвореници, беше елиминиран“, е наведено во кусото соопштение од украинската разузнавачка служба.
Според инспекторите, на 5 мај непознато лице подметнало рачно изработена експлозивна направа под неговиот автомобил, каде што експлодирала.
Видете и ова: Украина приоритет во разговорите меѓу Макрон и ЏинпингРускиот истражен комитет ја потврди смртта на вработен во поправната колонија во експлозија на автомобил во Бердјанск во областа Запорожје, без да го именува.
Обиди за убиства на службеници кои соработуваат со Русија на територијата на Украина се пријавени повеќе од еднаш. Украина директно не презема одговорност за нападите. Некои од функционерите назначени од Русија загинаа.
Во март годинава во Бердјанск, како резултат на експлозија на автомобил загина член на изборната комисија формирана од руските власти. Според истрагата, утрото на 6 март под автомобилот на „член на изборна изборна комисија со право на глас била поставена рачно изработена експлозивна направа“. Кога една жена влегла во автомобил паркиран во близина на куќа на улицата Херцен во градот Бердјанск, бомбата експлодирала.