Русија тврди дека го освои градот Доњецк

Русија/Украина војна

Руските сили тврдат дека презеле контрола врз град во источна Украина, чија одбрана ја пробиле пред околу две недели, додека руските ракети убиле две лица во друго село на истокот на земјата.

Од Украина се уште нема информации за руските наводи за заземањето на градот Очеретина. Меѓутоа, доколку се потврди, тоа ќе биде последен во серијата неуспеси на украинските сили на бојното поле. Украинската војска се бори да ја запре руската офанзива, додека исто така се соочува со недостиг на работна сила и муниција.

Во своето секојдневно обраќање руското Министерство за одбрана објави дека војниците од Централната командна група ја презеле контролата врз градот.

Видете и ова:

Џинпинг доаѓа во Европа барајќи поголема кинеска улога во Украина

Украинската армија беше охрабрена од минатомесечната одлука на американскиот Конгрес да испрати оружје и опрема во вредност од 60 милијарди долари. Но, ќе треба време за да почнат да се појавуваат оружје, гранати и возила на бојното поле. Новоусвоениот закон со цел зајакнување на украинските трупи е исто така клучен, но обуката на нови војници ќе трае со недели, ако не и со месеци.
Украинската армија објави дека Русија лансирала дваесетина беспилотни летала во текот на ноќта, а сите освен еден биле соборени, соопштено е.

Две лица загинаа во текот на ноќта кога руски ракети погодија куќа во селото Покровск, на околу 40 километри западно од Очеретина, изјави Вадим Филашкин, воен гувернер на Доњецката област, која сè уште е под украинска контрола.

Неделните бомбардирања на енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа штета од повеќе од милијарда долари, рече министерот за енергетика, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во многу делови на Украина.