Се дистрибуираат гласачките ливчиња низ избирачките места во Северна Македонија за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, објавува МИА според информации од Државната изборна комисија (ДИК).
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот.
Видете и ова: За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи„Екипите се на терен, вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3.600.000 гласачки ливчиња. Досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал, велат од ДИК.
На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните избори 1.815.350 избирачи.