Полицаец е вмешан во грабнување и разбојништво на маж во Скопје. Заедно со уште двајца скопјани, се осомничени, дека го киднапирале, го избоделе и истепале, па му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко доколку не им исплати 10.000 евра.
„Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.“, се вели в осоопштението од обвинителството.
Настанот се случил на 23 април откако двајцата скопјани лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил кој го управувал полицаецот и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.
Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.
„Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.“, велат од обвинителството.
Видете и ова: Турција одобри екстрадиција на Љупчо Палески- ПалчоЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво и Противправно лишување од слобода .
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, велат од Обвинителството.
Полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.