Променливо облачно време со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови на државата, најавува Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска (3 мај).
На одредени места се очекува и краткотрајно невреме со засилен ветер и врнежи од град.
Температурата во текот на денот ќе се движи од 14 до 22 степени.
Видете и ова: Ако не Охрид, Албанија и Црна Гора ќе ги пречекаат туристите со стари пасошиСпоред најавите од УХМР, и во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло.
И покрај врнежите, според информациите од АМСМ, сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено. Надвор од градските средини интензитетот е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез.