Светот го одбележува 1 Мај, меѓународниот ден на трудот

ССМ протест пред Стопанска Комора за Први мај (Архивска фотографија)

Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, денеска се одбележува ширум светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

Видете и ова: Првомајски протести - Ќебапче за работникот, бифтек за функционерите

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

Како во повеќе метрополи ширум светот, така денеска и во Скопје, Сојузот на синдикати на Македонија организира протест на кој ги повикаа да им се приклучат сите работници во борбата и апелите до надлежните за порамноправни работнички права.