Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Денеска ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Видете и ова:
Временска прогноза - Сончево и топло, температура до 28 степениСпоред најавите од УХМР, следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.
Локална појава на попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.