Три деца се повредени во рускиот напад на областа Харков, соопштија украинските власти.
Шефот на регионалната воена управа, Олег Синегубов, првично изјави дека руските војници го нападнале градот Дергачи и дека две малолетни девојчиња се повредени, пренесува РСЕ на англиски јазик.
На девојчињата на возраст од 16 и пет години им е укажана лекарска помош на лице место, без хоспитализација“, изјави Синегубов.
Видете и ова: Седум повредени во руски напад со дронови врз ОдесаТој додаде дека руската армија го таргетирала централниот дел на Дергачи со воздушни бомби. Шефот на регионот подоцна објави дека бројот на повредени е зголемен на четири.
„Четиригодишно момче и 52-годишна жена се здобија со полесни повреди и акутна стресна реакција“, рече тој.
Во текот на претходниот ден во руското гранатирање на областа Харков беа повредени вкупно 13 лица. Неодамна руските трупи ги интензивираа нападите врз Харков и регионот Харков.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов изјави дека руските војници најчесто го напаѓаат тој град со гранати Ц-300 од регионот на Белгород, но и дека се почесто се користат беспилотни летала. Од почетокот на војната, Москва негираше дека цели на цивили.