Две лица загинаа, а 14 се повредени во престрелка во Мемфис во Соединетите Американски Држави (САД).
Локалната полиција соопшти дека инцидентот се случил на забава во една населба.
Тројца од повредените се пренесени во болници и се во критична состојба.
11 лица се пренесени во болниците со приватни возила, соопшти полицијата во Мемфис.
Се додава дека забавата била организирана без дозвола и дека присуствувале меѓу 200 и 300 луѓе.